Моќна, моќна Италија… И со втор состав подобра од Велс (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Италија уште еднаш ја потврди својата фудбалска моќ на ЕВРО 2020 запишувајќи ја и третата победа во Групата А.

И покрај тоа што играа со речиси вториот состав, избраниците на Роберто Манчини славеа против Велс со 1-0 како дополнение на претходните две победи од по 3-0 против Турција и против Швајцарија.

Стрелец на победничкиот гол за Италија беше Песина во 39. минута од средбата.

Велс, и покрај поразот, го освојува второто место во групата за место во осминафиналето на ЕВРО 2020.

Се вчитува...