Моќна порака на Бразилките пред стартот на женскиот Мундијал (ВИДЕО)

Женската фудбалска репрезентација на Бразил пристигна во Австралија пред почетокот на Светското првенство кое оваа земја го организира заедно со Нов Зеланд.

Порака за поддршка на жените во Иран, но и на сите оние кои се обидуваат да им помогнат во борбата за своите права, беше напишана на авионот што ги донесе Бразилките во Австралија.

На едната страна од авионот беше напишана порака: „Ниту една жена не треба да биде принудена да ја покрие главата“. А од другата страна стоеше: „Ниту еден човек не треба да биде обесен затоа што го кажал ова“. 

Се вчитува...