Репрезентацијата на Србија се врати по шокантниот пораз од Украина и на домашен терен ја оствари првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. Србите ја победија Литванија со 4-1. Три гола беа постигнати во првото полувреме, двапати погоди Александар Митровиќ, гол постигна и новото име на Реал Мадрид, Лука Јовиќ. Новиковас бешестрелец на едниствениот гол за литванскиот состав, а во екстра времето Адем Љајиќ погоди за 4-1. Со четири бода, Србија сега е на третото место на табелата во групата „Б“. Водечка во оваа конкуренција е Украина која вечерва го победи второпласираниот Луксембург со 1-0. Во оваа конкуренција е и Португалија, но оваа селекција нема евроквалфикациски натпревари во овој термин поради финалето во Лигата на нации.
Шпанија останува непоразена и по четири натпревари во овие квалификации. Вечерва во дербито на групата „Ф“ со 3-0 ја совлада Шведска. Серхио Рамос од пенал во 63. минута беше стрелец на водечкиот гол. 20. минути подоцна, истот така од пенал, гол постигна и Мората, а конечните 3-0 ги постави Ојарзабал на три минути пред крајот на средбата. Шпанците имаат максимални 12 бода на лидерската позиција на табелата, Шведска останува втора со седум бода, идентичен број бодови има и Романија која забележа триумф над Малта од 4-0. Една позиција погоре на табелата во оваа конкуренција оди Норвешка по гостинската победа од 2-0 над Фарски Острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА