Молчеше 10 месеци, сега Гатузо ја откри вистината за Перишиќ: „Ми бараше да…“

Џенаро Гатузо, се чини, мина успешна една година на кормилото на Хајдук иако не успеа да донесе трфеј за својот тим. Доколку Хајдук успееше да го задржи Перишиќ, веројатно ќе ја прославеа титулата по 20 години, но тоа не беше случај.

Перишиќ си замина на самиот почеток од сезоната по раскинувањето на договорот, поточно активирањето на клаузулата во износ од 200.000 евра.

Во очите на повеќето навивачи на Хајдук, Перишиќ е предавник бидејќи многумина се на мислење дека го искористил Хајдук за да се опорави од сериозна повреда и да се врати во форма.

„Прво, ме замоли и доби една недела одмор подолго, со оглед на тоа што беше со репрезентацијата на ЕП 2024“ – ја открива сега Гатузо вистината за Перишиќ, притоа продолжувајќи:

„Значи, тој дојде доцна на подготовките, од првата средба отворено ми рече ‘Јас сум тука, подготвен да помогнам, да дадам колку што можам, но планирам да заминам’. Го воведов постепено, колку што беше потребно. Играше половина час во три европски натпревари, потоа во првото коло од првенството, мислам дека седумдесет минути… Но, кога ми повтори, потврди дека ќе замине на крајот на август, што можев да направам? Да го издржам неговото присуство, а со очигледна желба да замине?“.

Што значи, Перишиќ немал намера да игра на Пољуд минатата сезона и барал излез по секоја цена.

На крајот, го пронајде во ПСВ, каде што одигра одлична сезона и ја освои титулата по голема драма. Во Холандија, тој стана херој, а во „неговата Далмација“, барем во најголем дел, предавник…

Се вчитува...