Хрватскиот шампион Динамо Загреб во плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампионите ќе игра против молдавскиот Шериф Тираспол. Хрватските медиуми пренесуваат дека „модрите“ во првиот меч кој се игра во Молдавија нема да може да сметаат на косовскиот интернационалец, Лирим Кастрати бидејќи оваа земја не ја признава независноста на Косово.
Динамо за помош се обрати до УЕФА која ќе се обиде да ги убеди Молдавците дека во спортот нема место за политика. Кастрати беше во слична ситуација минатата сезона кога на крајот сепак доби виза од Русија која исто така не го признава Косово.
Кастрати за репрезентацијата на Косово има 14 настапи на кои постигна еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА