Реал Мадрид води со 1-2 во Минхен со голот на Марко Асенсио, кој десетина минути по влегувањето во игра го постигна водечкиот погодок, уште еднаш покажувајќи дека и на млада возраст е играч за големи натпревари.
Рафиња е трагичарот на Баерн Минхен откако десниот бек (кој вечерва принудно игра на левата страна) почетнички загуби топка на средината од теренот, по што Реал отвори контра „два на еден“. Лукас Васкез во вистински момент го проигра Асенсио, а овој со прецизен удар од петнаесетина метри го матираше Улрих.
Реал Мадрид и минатата сезона славеше со 1-2 на гостувањето во Минхен, и тоа откако Баерн прв поведе.
Asensio scores his first Champions League goal to put Real Madrid ahead 2-1 #BAYRMA #UEFAChampionsLeague pic.twitter.com/T5j57N9ZPh
— Clippit (@clippittv) April 25, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА