МОЛК на „Бернабеу“: Левандовски нема милост – За само две минути два гола во мрежата на Реал (ВИДЕО)

Неверојатни две минути на Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ на „Ел Класико“ во 11. коло од Ла Лига.

И, кој друг ако не Роберт Левандовски!? За само две минути со два гола го замолкна „Бернабеу“ за водство на Барселона од 0-2.

Најпрво во 54. минута „Лева-гол“ одлично по земја шутираше по асистенцијата на Касадо.

А, веќе во 56.минута одличен центаршут на Балде од лево, а Левандовски извонредно со скок со глава сместува во мрежата на „кралевите“.

Се вчитува...