Молк во Манчестер: Еден е Салах

Мохамед Салах уште еднаш блесна кога беше најважно за Ливерпул, постигнувајќи гол за израмнување по само десетина минути игра од второто полувреме.

„Црвените“ конечно одиграа една добра акција на средината од теренот, топката стигна до Салах, а овој го проигра во простор Мане. Сенегалецот втрча, но не успеа да шутира, за на одбиената топка да стигне пак Салах, да го мине Едерсон и со прекрасен лоб удар да ја затресе мрежата на „граѓаните“.

По овој погодок, сега Сити треба да постигне четири гола ако сака да се пласира во полуфиналето.

Се вчитува...