Молк во Минхен: Грималдо го постигна најубавиот гол во историјата на „Алијанц арената“ (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Баер Леверкузен во моментов го играат големо дерби во четвртото коло од германската Бундеслига.

Натпреварот на „Алијанц арена“ не можеше да започне подобро за Баварците, кои уште во седмата минута успеаја да поведат со 1-0 со голот на Хари Кејн.

Сепак, Леверкузен одигра многу подобро по почетниот шок, а гостите набрзо успеаја да израмнат на 1-1. Баер израмни во 24. минута кога Алекс Грималдо постигна спектакуларен гол од слободен удар.

Се вчитува...