Момчето кое го удри Роналдо било аутистично – Португалецот се извини за глупоста која ја направи

Ѕвездата на Манчестер јунајтед Кристијано Роналдо се најде во голем скандал по вчерашниот пораз на на неговиот клуб на гостувањето кај Евертон од 1-0 во 31. коло во англиската Премиер-лига.

Фрустрацијата од поразот и големиот број удари кои ги доби од противниците, резултираа Португалецот на патот кон соблекувалната, да удри едно дете кое го снимаше неговото поминување.

Тој го удри по рака фанот на Евертон и го скрши неговиот мобилен телефон. Неговата мајка за медиумите во Ливерпул открила дека момчето е аутистично.

„Сега е вознемирен и не сака да оди на натпревар повторно. Ова беше првпат да оди на натпревар и се случи ова. Роналдо му беше идол. Ќе сфатев тоа да се случеше ако Џејк му мафташе пред лице или нешто друго. Како да објаснам дека аутистично момче е нападнато од фудбалер“, вели мајката Сара. 

Португалецот веднаш се извинил на семејството и на момчето за глупоста која ја направи.

Се вчитува...