Младинците на Астон Вила немаа сила за нешто повеќе од достојно претставување во мечот против Ливерпул од ФА купот. И покрај одличниот отпор кој што го прикажаа фудбалерите на тимот од Бирмингем на крајот се виде големата разлика во квалитет поради која Ливерпул дојде до триумф од 1-4.
„Црвените“ поведоа со голот на Мане уште во 4. минута. Кога се изгледаше дека ќе оди само во еден правец, младиот Бери во 41. минута донесе израмнување и голема еуфорија на клупата на домаќините. Вила издржа во егал до 60. минута кога Виналдум донесе ново водство од 1-2, а потоа со головите на Мане во 63. и Салах во 65. беа поставени конечните 1-4.
Пласман во следната фаза од ФА купот обезбеди и Вулверхемптон кој на домашен терен беше подобар од Кристал Палас со минимални 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

