Благојче Трајковски блескаше и на денешниот дуел меѓу Вардар и Алкалоид, на кој искусниот голман беше меѓу најзаслужните за големиот триумф на гостите кои се искачија на второто место на табелата кое им носи и директно учество во групната фаза од Лигата на Европа.
Трајковски имаше бројни интервенции, но највпечатлива дефинитивно е двојната одбрана во 50. минута, кога при резултат 18-19 тој спречи два зицери на „вардарци“, најпрвин бранејќи го ударот на Лазаревски, а потоа и на Куни Моралес.
Токму по овој момент Алкалоид влезе во фуриозен финиш, успеа резултатски да се одлепи и на крајот да стигне до убедливата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА