Момент за историја, Депај стана најдобар стрелец на „лалињата“ на сите времиња

Мемфис Депај си обезбеди место во историјата на холандскиот фудбал откако големиот ас на денешниот меч со Литванија стана најдобар стрелец на „лалињата“ на сите времиња.

Депај стрелаше во раната фаза од мечот за водство од 0-1, што беше негов 51. гол во репрезентативниот дрес, надминувајќи го досегашниот рекордер Робин ван Перси со 50 погодоци.

Депај првиот гол го постигнна на СП 2014 против Австралија, потоа стрелаше прецизно уште 50 пати, од кои 19 во мундијалските квалификации, 11 на пријателски средби, осум на мечеви од Лигата на Нации, седум во квалификации за ЕП и по три на завршниците од светските и од европските шампионати. Најмногу голови има дадено на Гибралтар, вкупно пет, а еден помалку на селекцијата на Црна Гора.

Зад Депај и Ван Перси, на листата најдобри стрелци во историјата на „лалињата“ се наоѓаат уште и Хунтелар со 42, Клајверт со 40, Бергкамп и Робен со по 37 репрезентативни погодоци…

Се вчитува...