Тиквеш вечерва против исландски Бреидаблик го игра првиот европски меч во клупската историја, а навивачите на кавадаречкиот клуб имаа можност да го прослават и првиот европски гол на Тиквеш.
Стрелец беше Кристијан Стојкоски, кој при негатива од 2-0 доби одлична топка во шеснаесетникот, а потоа во манир на голем стрелец го матираше исландскиот голман.
Мајсторијата на Кристијан Стојкоски и првиот европски гол на Тиквеш во историјата на овој македонски прволигаш може да се погледне на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА