Моментално најпознатиот тениски пар ќе стапне на „лудиот камен“

Најдобриот австралиски тенисер Алекс де Минаур и британската тенисерка Кејти Бултер на социјалните мрежи објавија дека се свршиле. Бултер сподели фотографија на која таа и Де Минаур ја прославуваат својата свршувачка во понеделникот вечерта на социјалните мрежи, со натпис „Чувавме мала тајна…“. Тие се во врска од март 2022 година.

Инаку, и двајцата имаа успешна сезона. Бултер е најдобро рангираната британска тенисерка, која освои титули на турнирите во Сан Диего и Нотингем и ја заврши годината на 23-то место на ВТА ранг-листата.

Де Минаур оваа сезона беше шести на АТП-листата и за прв пат во кариерата играше во четвртфиналето на Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, а за првпат учествуваше и на завршниот турнир во сезоната.

На Вимблдон, Бултер и Де Минаур играа заедно во мешани двојки.

Се вчитува...