Моментот кога „Енфилд“ замолкна – Алисон го запре Милик (видео)

Многумина се сомневаа во Алисон Бекер кога Јирген Клоп плати 75 милиони евра за да го доведе голманот на Рома во Ливерпул, но Бразилец веднаш се наметна како супер-инвестиција на германскиот стратег.

Доказ за тоа е и вечерашниот натпревар со Наполи, кога по бројните промашени шанси на Ливерпул казната можеше да стигне во судиското продолжение. Милик прифати една топка на работ од петерецот, цел „Енфилд“ за момент замолкна стравувајќи од најлошото, но Алисон беше на висина на задачата, со клучна интервенција носејќи го својот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...