Барса не игра спектакуларно, но сепак успева да победи на последните средби од Ла Лига. Најзаслужен за денешниот триумф над Хетафе дефинитивно е голманот Марк Андре тер Штеген, кој спречи сигурно израмнување во 72. минута од натпреварот.
По еден центаршут одбраната лошо реагираше, еден гостински играч осамен шутираше со глава од пет метри, но Германецот успеа со извонреден рефлекс да го запре неговиот удар. И не само тоа, на одбиената топка пред самата гол-линија натрчуваше друг фудбалер на Хетафе, но Тер Штеген повторно реагираше вонсериски, успевајќи да ја исфрли топката во поле, неполна секунда пред тој да ја смести во мрежата.
#mats Triple Save vs Getafe #terStegen pic.twitter.com/tQ4PikMGp5
— Malcolm Sacco (@MalcolmSacco) February 15, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

