Манчестер јунајтед со огромни проблеми стигна до финалето од Лигата на Европа, а ситуацијата можеше да биде сосема поинаква доколку Гвидети во последните моменти од мечот се снајдеше подобро во шеснаесетникот на „црвените ѓаволи“.
Се играа последните секунди од шесте минути судиско продолжение кога гостите очајнички уфрлија топка во шеснаесетникот – и тогаш цел „Олд трафорд“ остана без здив. Топката беше одлично спуштена кон Бовуе, тој можеше да шутира, но го забележа истрчаниот Ромеро и го проигра во празно Гвидети.
Најдобриот голгетер на Селта дал безброј вакви голови во кариерата, но кога беше најважно неговата нога затрепери, па наместо во мрежата биеше во сопствената рака, по што судијата веднаш отсвири крај на овој полуфинален натпревар.
John Guidetti: “I’m going to make sure Manchester is blue.” #MUFC #UELpic.twitter.com/3yVtScLdQQ
— Footysays (@Footy_Says) May 11, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА