Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс полека се опоравува од тешката повреда на коленото која ја доживеа пред шест месеци. Ова е добрата вест која сите фанови на „милионерите“ ја чекаа долго време, да го видат нивниот најдобар играч повторно на нозе.
Според информациите Ројс започнал со кондициски вежби во номеври, а од почетокот на овој месец веќе тренира во полна пареа и наскоро ќе може да присуствува цели 90 минути на теренот, иако малку веројатно е дека неговото враќање ќе биде во последното коло (против Хофенхајм) пред паузата во Бундес – лигата.
28-годишниот германски репрезентативец го пропушти досегашниот дел од сезоната, негов последен настап беше на 27.мај во финалето на германскиот куп(2-1 против Ајнтрах Франкфурт), на истиот меч се повреди, а воедно го освои и првиот трофеј со Борусија Дортмуд откако пристигна во нивните редови во 2012 година.
Клубот на „Твитер“ објави видео како Ројс тренира со Ерик Дурм и Лукаш Пишчек кои исто така долго време се опоравуваат од повреди.
https://twitter.com/BVB/status/940915444764020736
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА