Моментот што 13 години го чекаше – Меси на рацете на соиграчите по пехарот со Аргентина (фото)

Лионел Меси веќе не е „вечниот губитник со Аргентина“ откако суперѕвездата на Барселона конечно го крена првиот пехар со сениорскиот состав на „гаучосите“, славејќи на Копа Америка 2021.

Меси во колекцијата имаше два аргентински златни медали, од јуниорското СП во 2005 и од ОИ во 2008 година. Оттогаш, цели 13 години тој чекаше за првиот трофеј на сениорски план, па на 34-годишна возраст конечно дочека.

Репрезентативните колеги знаеја колку тоа му значи на Меси, па веднаш по последниот свиреж истрчаа до него за да ја споделат радост, а потоа и го кренаа Лео на раце фрлајќи го во воздух, за комплетирање на оваа извонредна вечер за аргентинскиот фудбал.

Се вчитува...