Моментот што го промени Марадона: Исповед пред свештеник во Аргентина

Диего Армандо Марадона во последната година од својот живот делуваше како променет човек, многу помирен од бурните случки што ги одбележаа неговите фудбалски денови.

Аргентинскиот свештеник Густаво Рубио се најде во центарот на вниманието на јавноста откако обелодени дека Марадона побарал од него да се исповеда во црква во Буенос Аирес, за да му бидат простени гревовите од минатото.

„Диего самиот ми пријде и побара благослов. Ми рече дека сака само мир, дека затоа седнал на клупата на Гимназија. Ме зачуди што бараше да зборува со свештеник, но се молеше Бог да му прости за начинот на животот што го имаше. Ми рече дека отсега ќе биде како што Бог ќе заповеда. Му беше преку глава од с..ра во животот поради кои жали. Ме импресионираше што беше апсолутно свесен за сите грешки кои ги имаше направено во животот“, открива Марадона.

Според аргентинските медиуми, Марадона во последните месеци и пред влошувањето на здравствената состојба делува многу посмирено од вообичаено.

Се вчитува...