Зинедин Зидан реши да се обиде да го запре Лионел Меси со „фластер“ – Матео Ковачиќ, во обид да го исфрли од ритам аргентинскиот ас на денешното „Ел Класико“.
Хрватскиот репрезентативец во првото полувреме добро си ја заврши работата, но со една единствена погрешна проценка го реши „Ел Класико“. Ковачиќ директно не згреши ништо, само го слушаше својот тренер и го следеше Меси каде и да се наоѓа, но разликата меѓу добрите и врвните фудбалери е во даден момент самите да одлучат што е најдобро за нивниот тим, и да му помогнат кога е најзначајно.
За што точно станува збор?
При првиот гол на Барселона Ракитиќ ја прими топката на половината од теренот, а Ковачиќ беше на само неколку метри. Хрватот на Реал можеше да се обиде да го запре сонародникот, или во најмала рака со тактички прекршок да ја стопира акцијата, но реши да остане зад него и да го следи Меси, да не му дозволи на Аргентинецот потоа да се вклучи во акцијата.
Она што следеше е добро познато, Ковачиќ со тоа му остави на Ракитиќ околу триесетина метри слободен простор, членот на Барса стигна речиси до работ на шеснаесетникот, па го проигра Серхио Роберто, овој во празно асистираше до Луис Суарез за водство на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА