Момир Илиќ од следната сезона ќе го води Вецлар

Српскиот тренер Момир Илиќ од следната сезона ќе седне на клупата на бундеслигашот Вецлар, тим од кој последната деценија (прво како играч), а сега и во улога на тренер е еден од најдобрите македонски ракометари во историјата, Филип Миркуловски.

Тимот кој постигна најдобри резултати на преминот од два века во последно време е во долниот дел од табелата во Бундеслигата. Сезонава тие се во голема битка за опстанок, па се уште е неизвесно дали поранешниот бомбардер на Кил ќе го води клубот во елитната лига или во второто по ранг натпреварување.

Единствената тренерска работа на Момир Илиќ беше во Веспрем, чиј прв тим го водеше три години. За тоа време освои две титули, три купа и две СЕХА лиги.

Се вчитува...