Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, на вчерашната прес-конференција по мечот, истакна огромно задоволство од начинот на однесување, тренирање и играње на фудбалерите на првите два квалификациски натпревари, со оглед на околностите е емоциите.
Милевски кажа дека играчите и во едни такви околности, играле без пардон кон големи ѕвезди кои настапуваат во Премиерлигата, мислејќи на дел од играчите на Велс.
„Момците покажаа дека немаат пардон кон никого и дека може да бидат конкурентни и против репрезентација како што е Велс, која со себе има ѕвезди кои играат во Премиерлигата. Според играта, Велс е селекција која ни е главен конкурент за второто место, но според ранкингот, тие се далеку пред нас “, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА