Монако ја продолжи серијата одлични игри по доаѓањето на Василис Спанулис на чело на овој клуб откако „кнезовите“ стигнаа до третата победа во низа во Евролигата. „Пациенти“ на „пулените“ на Спанулис вечерва беа кошаркарите на Баерн Минхен, кои беа демолирани во Монако со убедливи 93-74.
Баварците беа дури и подобар ривал во првата четвртина што ја добија со 18-24, но Монако влезе во својот препознатлив ритам почнувајќи од вториот период (28-16), по што „кнезовите“ доминираа до самиот крај од натпреварот, триумфирајќи со конечни „плус 19“, како продолжение на импресивните „плус 30“ на гостувањето против Фенербахче во минатата евролигашка рунда.
Мајк Џејмс беше прв стрелец со 15 поени, еден помалку постигна грчкиот центар Папајанис, додека најефикасни кај Баерн беа Едвардс со 17 и Фоигтман со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

