Монако донесе супер-засилување од НБА

Монако не игра најдобро во последно време во Евролигата, но „кнезовите“ решија да доведат топ-засилување во обид не само да влезат во плејофот, туку и потоа да обезбедат учество на фајналфор турнирот од елитното европско натпреварување.

Даниел Тајс во следните 24 часа ќе го официјализира трансферот во Монако откако 32-годишниот германски репрезентативец реши да си замине од НБА-лигата и да се врати назад во Европа. Крилниот центар имаше и понуди од НБА, но на крајот сепак пресуди желбата за поголема минутажа во новиот клуб, поради што Тајс го избра Монако пред Панатинаикос, иако грчкиот гигант испрати подобра финансиска понуда до Германецот.

Тој во последните осум сезони беше дел од НБА лигата како член на Бостон, Чикагго, Индијана, ЛА Клиперс и Њу Орлеанс, во просек бележејќи по 7,1 поени и 4,7 скокови, за 18,8 минути колку што просечно играше по натпревар во најсилнат алига во светот.

Овој трансфер ќе биде враќање за Тајс во Европа откако во 2017 година тој како член на Бамбрг се пресели во Бостон селтикс.

Се вчитува...