Монако два месеца без најдобриот стрелец

Монако е лидер во францускиот шампионат по првите седум одиграни рунди со скор од шест победи и едно реми, но позитивната серија резултати многу потешко ќе се продолжи откако „кнезовите“ останаа без својот главен напаѓач.

Фоларин Балогун беше стрелец на последните три средби на Монако, против Авр, Монпелје и Рен, но токму на тој последен дуел со Рен поранешниот член на Арсенал заработи незгодна повреда. Деталните прегледи покажаа изместување на левото рамо, по што американскиот репрезентативец го очекува пауза од најмалку два мееца од фудбалските терени.

Tренерот Хитер ќе мора да наоѓа план Б, а притисокот е врз оние играчи кои во слаба форма ја почнаа сезонава, ако се знае дека Емболо се уште е без погодок, па се очекува поголема минутажа да добие младиот Иленихен, кој важи за суперталент и играч за иднината на Монако.

Се вчитува...