Монако го освои 3. место на Ф4 во Евролигата

Кошаркарите на Монако стигнаа до најголемиот успех во клупската кариера откако на Ф4 турнирот во Евролигата го освоија третото место.

Французите во малото финале на завршниот турнир во Каунас ја совладаа фаворизираната Барселона со убедливи 78-66.

Избраниците на Саша Обрадовиќ фуриозно го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност (24-13). До крајот на мечот успеаја да го исконтролираат натпреварот и да стигнат до конечен триумф од 78-66.

Стразел со 14 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 15 поени на Миротиќ.

Финалето во кое ќе се сретнат Олимпијакос и Реал Мадрид на програмата е од 19 часот.

Се вчитува...