Монако го совлада Рен во натпревар со пет голови

Монако стави крај на серијата од четири натпревари без триумф во француското првенство славејќи со 3-2 против Рен во 19. коло.

Аклиуче го отвори натпреварот со гол во 15. минута, а за на полувремето домаќините да не заминат со позитива се погрижи Нагида кој во 46. минута изедначи на 1-1.

Биерет и Головин со голови во 52. односно 56. минута донесоа предност од 3-1 за домаќинтие, а поразот го ублажи Гуири со гол во 67. минута.

Се вчитува...