Американскиот кошаркар Мајк Џејмс во следниот период нема да биде дел од Монако поради прекршување на клупските правила, објави францускиот тим.
Не се наведува што точно претставува прекршувањето, но ќе следи сослушување и на Американецот по што ќе биде донесена конечна одлука.
Очекувањата се дека Џејмс нема да биде дел од почетокот на полуфиналната плеј-оф серија во француското првенство каде за противник Монако го има Асвел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

