Монако го суспендираше најдобриот кошаркар

Монако денеска објави дека управата на клубот му изрекла суспензија на најдобриот кошаркар Мајк Џејмс, поради прекршување на дисциплинскиот правилник на клубот.

Американскиот бек поради повреда го пропушти последниот меч со Басконија, а по најновиот развој на настаните Џејмс нема да биде во составот ниту за мечот со Виртус Болоња што на програмата е в четврток.

Конкретните детали околу недисциплината на Џејмс не се обелоденети во јавноста, но тој во следните неколку дена нема да тренира со тимот, па јасно е дека нема да може да настапи со Болоња. Поранешниот ас на ЦСКА Москва ќе биде и парично казнет, а останува да се види кога 32-годишниот кошаркар повторно ќе му биде на располагање на тренерот Саша Обрадовиќ.

Мајк Џејмс сезонава има просек од 16,8 поени, 4,7 асистенции и 3,5 скокови по натпревар во Евролигата.

Се вчитува...