Монако гради сериозен тим за атак на Лига 1: По Погба и Фати пристигнува и Ливаковиќ?

Монако е еден од најактивните тимови на трансфер маркетот ова лето. Францускиот прволигаш веќе стигна до две атрактивни засилувања во Пол Гогба и Ансу Фати, а наскоро на овие двајца би можел да им се приклучи и Доминик Ливаковиќ.

Хрватскиот чувар на мрежата е пред заминува од Фенербахче по неубедливата сезона во која настапи на 32 натпревари за турскиот тим, а прими 36 голови.

Неговиот трансфер се проценува на седум милиони евра со кои треба да се надомести сумата потрошена за негов трансфер пред две години која изнесуваше 6.65 милиони евра.

Се вчитува...