Монако во минатото коло го шокираше шампионот ПСЖ, но „кезовите“ викендов повторно се посрамотија, губејќи на гостувањето против Ремс со 1-0. Ова беше четврти пораз на Монако во последните пет рунди, резултат со кој оваа екипа уште повеќе заостанува во однос на водечките на табелата.
Клучен момент беше 28. минута од мечот кога Ажерк силно биеше, Храдецки одбрани, но Думбија натрча на одбиената топка и ја смести во мрежата.
Монако од почетокот на второто полувреме имаше повеќе од играта по црвениот картон на Ожерк, но не успеа да ја искористи оваа предност и го претрпе шестиот овосезонски пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

