Монако го реши тренерското прашање во текот на октомврискиот квалификациски прозорец, но Един Терзиќ нема да биде наследникот на Ади Хитер како што беше најавувано претходно од француските медиуми.
Директните разговори на Риболовљев со Терзиќ не вродиле со плод, па откако екс-тренерот на Борусија Дортмунд отпаднал од игра фокусот беше насоче кон Себастијан Покоњоли. Станува збор за 38-годишен белгиски стратег кој ланската сезона оствари историски успех освојувајќи ја титулата со тимот на Унион Сент Желоа.
Разговорите меѓу Покоњоли и Монако минале беспрекорно, белгискиот стратег ја прифати понудата и веќе ги известил челниците на белгискиот првак за желбата да се пресели во малото „кнежевство“. Се очекува во следните 24 часа да дојде до преговори меѓу клубовите околу отштетата што Монако ќе треба да му ја плати на белгискиот првак, по што Покоњоли и официјално ќе се пресели на „Луј Втори“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

