Монако ја освои Валенсија, лесни домашни победи на Панатинаикос и Реал Мадрид

Екипата на Монако продолжува со импресивните игри во Евролигата, откако успеа да го совлада тимот на Валенсија и тоа на нејзин терен со 92-101. Монако се покажа како непремостлива пречка за шпанската екипа, која го загуби водството во втората четвртина, и до крајот на успеа да се наметне и да дојде до победа.

Во голема мера гостите го решија победникот во вториот период, кој го добија со 14-27. Се обиде Валенсија да се врати во третата четвртина, но без успех.

Тејлор кај Валенсија беше најефикасен со 18 поени, Томсон постигна 17. Диало кај Монако беше најефикасен со 17, додека Недовиќ постигна 16.

Кошаркарите на Панатинаикос успеаја да дојдат до лесен триумф над Виртус со 84-71. Избраниците на Ергин Атаман уште од стартот на мечот наметнаа свое темпо, кое беше „убиствено“ за гостите од Италија, и на крајот стигнаа до бодовите. Нан со 21 и Холмс со 16 го предведоа грчкиот тим до победата, додека Едвардс кај Виртус постигна 24. Ти-Џеј Шортс имаше скромни 4 поени.

Реал Мадрид благодарение на одличните втора и трета четвртина, стигна до победа над Макаби. Гостите успеаја само во првиот дел да се заканат, но потоа „кралевите“ ги презедоа работите во свои раце, и дојдоа до триумф. Хезоња со 16 и Кампацо со 15 поени го носеа шпанскиот тим до победа.

Се вчитува...