Лидерот на табелата во францускиот шампионат, тимот на Монако, во продолжението од сезоната ќе биде без бразилскиот интернационалец Габриел Боскилија, играч од средниот ред, кој заработи сериозна повреда и ќе паузира најмалку осум месеци. Боскилија ги скина лигаментите на коленото и ќе мора да замине на операција, а потоа го очекува и долг рехабилитациски период.
Монако славеше со убедливи 5-0 против Мец, но повредата на Боскилија сепак остави дамка на триумфот на „кнезовите“. По 25 одиграни кола, Монако има ти бода предност на врвот на табелата пред актуелниот француски шампион Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА