Монако остана без победа во 98. минута

Монако останува лидер на табелата во француското првенство, но „кнезовите“ долго ќе жалат што не стигнаа до цел плен на денешното гостување против Лориен, на кое ремизираа 2-2 иако до 98. минута имаа предност од еден гол.

„Кнезовите“ се најдоа по нецели две минути игра, но покажаа квалитет и карактер, успевајќи да се вратат и да направат целосен пресврт. Головин беше најдобар поединец во таборот на Монако, рускиот репрезентативец стрелаше прецизно за 1-1, по што му асистираше на Балогун при водечкиот гол за Монако.

И кога сите беа во исчекување на последниот судиски свиреж, домаќините во 98. минута преку Фавр успеаја да стигнат до еден бод, воедно и да му откинат два бода на големиот фаворит.

Се вчитува...