Монако размислува да го „откачи“ Погба

Францускиот фудбалер од средниот ред Пол Погба, би можел да го напушти тимот на Монако, само неколку месеци откако му се приклучи во летото 2025 година. Според италијанска „Газета“, францускиот клуб ја разгледува можноста да му го покаже излезот на некогашниот француски репрезентативец, кој две години беше надвор од терените поради суспензија за допинг.

32-годишниот фудбалер откако потпиша за Монако, одигра само 30 минути и цело време се мачи со повреди. Сега неговото време во Кнежеството може да заврши.

Договорот на Погба со Монако е до 2027 година, а сега може да бара нова средина.

Се вчитува...