Американскиот кошаркар и најдобриот стрелец во историјата на Евролигата, Мајк Џејмс нема да го напушти Монако ова лето, официјално објави клубот.
Во медиумите имаше многу шпекулации за неговата иднина, а сè дополнително се разгоре откако беше суспендиран за недолично однесување. Дел од шпекулациите беа дека е суспендиран поради несогласувања поврзани со новиот договор и дека Партизан и Црвена звезда „чекаат на ред“ за неговиот потпис, но…
„По бројните шпекулации во медиумите, АС Монако Баскет издаде официјално соопштение во кое потврдува дека Мајк Џејмс е целосно реинтегриран во првиот тим и останува дел од клубот со кој има договор до 2027 година. За време на Ф4 турнирот од Евролигата, Џејмс претрпе мала повреда на подлактицата. Недолго потоа, тој беше привремено повлечен од тимските активности поради инцидент надвор од теренот, кој, според клубот, не бил поврзан со неговото однесување како играч, но кој влијаел на неговото закрепнување и бараше внатрешна истрага. Тоа беше чувствителна ситуација што бараше време, внимание и дискреција. За жал, во текот на тој процес, во јавноста се појавија бројни гласини и неточни информации, што им наштети и на Мајк и на клубот“ – се вели во соопштението од Монако.
По темелна внатрешна проверка, клубот потврди дека Џејмс ненамерно бил вклучен во обид да заштити други лица и дека случајот сега е целосно затворен.
Иако не учествуваше во плејофот на француското првенство, од Монако велат дека неговата посветеност кон клубот е несомнена и дека се очекува да се врати на теренот во сезоната 2025-26, кога ќе добие зелено светло од медицинскиот тим.
Претседателот на клубот, Алексеј Федорицев нагласи:
„Едвај чекаме повторно да го видиме Мајк во Монако, здрав, фокусиран и гладен за успех како никогаш досега. Оваа година бевме блиску до сонот, но мисијата останува иста. Сега сме уште порешителни да го постигнеме. Ќе го завршиме она што го започнавме. И покрај сите случувања, АС Монако повторува дека темелите на клубот – лојалноста, довербата и споделената амбиција остануваат недопрени. Мајк Џејмс, како еден од симболите на тој проект, останува клучна фигура во долгорочните планови на клубот“.
Mike James Officially Reinstated to AS Monaco Basket
In light of recent media speculation, AS Monaco Basket would like to provide clarity regarding the status of Mike James.@TheNatural_05 is officially and fully reinstated to the Roca Team roster.
During the EuroLeague Final… pic.twitter.com/UflqTtu2mO
— AS Monaco Basket 🇲🇨 (@ASMonaco_Basket) June 30, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

