Монако се „стопи“ во пеколот во Истанбул

Кошаркарите на Фенербахче го победија составот на Монако си 88-70, во 30. коло од кошаркарската Евролига. Турскиот гигант и актуелен лидер на табелата ја продолжи победничката серија, и се зацврсти на првото место на табелата.

Доминацијата Фенер ја потврди и на теренот, и ги доби сите четири четвртини, не давајќи му ниту трошка надеж на Монако да дојде до поволен резултат.

Хортон-Такер беше најефикасен со 28 поени. Кај Монако, Џејмс постигна 14 поени, исто колку и Колсон од противничкиот табор.

Се вчитува...