Монако се засили со играч од НБА

Поранешниот кошаркар на Њу Орлеанс, Даниел Тајс денеска потпиша со Монако на сезона и половина, соопштија од клубот кој игра во Евролигата.

Последен пат Тајс во Евролигата играше со Бамберг во сезоната 2016/17, по што замина во НБА каде мина осум сезони и играше за Бостон, Чикаго, Хјустон, Индијана, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс.

Греманскиот центар беше трејдуван од Њу Орлеанс во Оклахома на 5. февруари, но веќе следниот ден беше ослободен. Тој во досегашниот дел од сезоната во НБА лигата има просек од 4,3 поени, 4,3 скока и 1,6 асистенции.

Се вчитува...