Монако се засилува од Барселона

Монако наскоро ќе го официјализира трансферот на Чимези Мету од редовите на Барселона, пренесува специјализираниот сајт за кошарка „Баскет Њуз“.

Нигерискиот кошаркар со потекло од Соединетите американски држави ова лето беше пред премин во Фенербахче, но преговорите со турскиот евролигаш пропаднаа па сега се очекува премин во Монако каде следната седмица ќе ги помине медицинските прегледи и ќе му биде на располагање на тренерот Василис Спанулис во новата сезона.

Монако за Мету ќе биде вториот клуб во Еворпа откако претходно настапуваше во НБА лигата од 2018 до 2024 година за Сан Антонио, Сакраменто, Феникс и Детроит.

Се вчитува...