Монако е нов шампион на Франција, а прв мина низ целта во голем стил, со убедлив триумф над Лил, совладувајќи го 4-0. Сега „кнезовите“ имаат недостижни три бода предност во однос на ПСЖ и еден одигран меч помалку, на едно коло до крајот на првенството.
Фалкао уште во шестата минута го најави триумфот, а Бернардо Силва во 45.минута зголеми на 2-0. Фалкао во вториот дел уште еднаш стрелаше, а на крајот и Жуниор Алонсо си постигна автогол за конечни 4-0.
ПСЖ славеше со 0-5 на гости против Сент Етјен, но сепак потклекна во трката за титулата. Кавани и Лукаш постигнаа по два гола за „светците“, а во завршницата и Дракслер се запиша меѓу стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА