Монако со одлична трета четвртина до водство над Барселона

Кошаркарите на Монако на свој паркет ја победија Барселона со 97-80, и поведоа во четвртфиналната серија во Евролигата. Домашните кошаркари иако имаа негатива, сепак, со одлична парија во втората и во третата четвртина, не му дозволија на каталонскиот тим да се надева на нешто повеќе на овој меч.

Почетокот на натпреварот не ветуваше дека на крајот Монако ќе слави триумф. Барселона беше во предност во поголемиот дел од првиот период, па замина на пауза со предност од 21-25.

Тоа како да беше „аларм за будење“ на домашните, па веднаш стигнаа од пресврт 26-25, а потоа брзо дојддоа и до +14. Но, како дојдоа, така и успеаја да ја загубат разликата, па на полувреме заминаа само со два поени предност (44-42).

Не помогна ниту полувремето, Барселона не успеа да се врати во мечот, напротив. Монако ја зголеми разликата во третиот период, и во последната четвртина замина со дури 17 поени разлика, која успеаја на крај домашните да ја задржат и да слават триумф.

Џејмс и Тајс со 22 поени беа најефикасни, додека Пантер кај Барселона со 16 беше најдобар во поразениот тим.

Се вчитува...