Фудбалерите на Монако во ефикасен меч со шест погодоци славеа на домашен терен против Оксер со 4-2, оставајќи ја зад себе резултатската криза во која „кнезовите“ се најдоа до пред извесен период.
Оксер замина на одмор со предност од 1-2 по пеналот што гостите го реализираа во последните секунди од првиот дел, а тензиите се зголемија откако Оксер го промаши првиот пенал, но судијата одлучи истиот повторно да биде изнесен, па Жубал од втор обид успеа да ја затресе мрежата на „кнезовите“.
Тоа беше само мотив плус за фудбалерите на Монако, во првите 20 минути од второто полувреме да постигнат три гола, сите три преку Бирет, за 11. победа оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА