Трката за титулата во француското првенство повторно стана интересна откако ПСЖ се посрамоти на домашен терен, губејќи го дербито со Монако со 1-3.
Десетина дена откако го елиминираа овој ривал во 1/16 финалето од Лигата на Шампионите, избраниците на Луис Енрике вечерва делуваа премногу опуштено и комотно, правејќи почетнички грешки што гостите знаеја како да ги казнат.
Впрочем, трите гола на Монако беа постигнати по лошша реакција и загубени топки на ПСЖ на сопствената половина, за што стигна безмилосна казна од „кнезовите“. Аклиуш го постигна првиот гол за Монако откако „светците“ со почетничка реакција ја загубија топката во својот шеснаесетник, а Головин во 55. минута зголеми на 0-2.
Баркола за момент внесе неизвесност во мечот, но по грешката на Ли топката стигна до Балогун, а по ударот на овој фудбалер топката го закачи Мендеш и заврши во мрежата, за дефинитивна капитулација на ПСЖ на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

