Монако суспендираше кошаркар поради недисциплина

Францускиот кошаркар Ели Окобо, суспендиран е од страна на Монако после натпреварот со Олимпијакос. Деталите и причината не се познати, освен дека кошаркарот се однесувал спротивно од правилникот, и покажал непочитување кон клубот.

Засега не е познато колкава ќе биде суспензијата на 26-годишниот кошаркар. Монако ги загуби двете средби минатата недела, најпрво од Макаби, а потоа и од Олимпијакос, па сега се осми на табелата.

Окобо во просек бележеше 10,2 поени и 3,2 асистенции по мечот.

Се вчитува...