Монако до пред три рунди беше лидер во францускиот шампионат, но „кнезовите“ по повредата на најдобриот стрелец Балогун влегоа во сериозна резултатска криза.
По ремито од 0-0 со Лил и поразот од 2-1 од Ница, тимот на Монако вечерва целосно потфрли на домашен терен против Анже, на дуел на кој беше апсолутен фаворит, но неочекувано загуби со 0-1.
„Кнезовите“ целосно потфрлија, делува нефокусирано и се мачеа да создадат шанса во првото полувреме, за што казната стигна кога Ахолу постигна еврогол од дваесетина метри во 30. минута. И покрај обидите за камбек на домаќините, Анже успеа да се одбрани и да стигне до својата втора овосезонска победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА