Фудбалерите на Монако стигнаа до триумф против Нант од 3-1 во рамките од 22 коло во француската Лига 1. Сите три гола домашните фудбалери ги постигнаа за само пет минути во првиот дел.
Најпрво во 25. мнута Адингра донесе водство, а истиот играч во 28. минута зголеми на 2-0. Закарија во 30. минута донесе 3-0 за Монако. Надеж за Нант донесе Кентонзе во првата минута од судиското надополнување.
Во вториот дел Монако остана со играч помалку по исклучувањето на Головин во 65. минута, но тоа на крај не влиајеше на конечниот резултат кој остана непроменет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

