Мончи донесе одлука, но не оди кај Емери во Арсенал

Самото заминување на Мончи од функцијата директор на Рома го привлече вниманието на бројни европски клубови кои покажаа интерес да го доведат Шпанецот во своите раководни структури. Најгласни беа шпекулациите дека веќе е договорено тој да се пресели во Арсенал и повторно да соработува со Унаи Емери, но Мончи во последен момент го промени ставот.

Тој веќе ја избра својата следна дестинација во кариерата – се враќа назад „дома“ во Севилја. Генијалецот најзаслужен за бројните врвни трансфери на Севилја имаше и подобри понуди од финансиски аспект во изминатите десетина дена, но на крајот сепак реши да се врати во Андалузија, клубот со кој ги оствари најголемите успеси, освојувајќи бројни трофеи во Лигата на Европа.

„Срцето никогаш не го заборава местото каде што најубаво чукаше“ – напиша Мончи на својот профил на социјалните мрежи, потврдувајќи ги претходните најави на претседателот на Севилја дека е постигнат договор за негов камбек на „Санчез Пизхуан“.

Се вчитува...